Договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината беше потпишан денеска во Виена меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија.
Ова попладнево го соопштија од Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче истакнал дека со Договорот, Министерството за здравство се приближува кон европските практики и искуства.
– Имавме можност со Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија да потпишеме Договор, што ќе претставува основа за развој на модерни и иновативни технологии во медицината и приближување на нашата земја кон најдобрите практики од Европската унија, изјавил Филипче.