Парламентарните процедури за ратификација на преспанскиот договор во грчкиот парламент ќе започнат во понеделник, соопшти грчката државна новинска агенција „АНА-МПА“, повикувајќи се на извори од владејачката партија СИРИЗА.
Изворите за агенцијата нагласуваат дека за време на дебатите во парламентарните комисии и во салата, пратениците ќе имаат доволно време за сите да можат да го искажат своето мислење пред гласањето за ратификација.