Принцот Филип, 97-годишниот сопруг на британската кралица, Елизабета Втора, доживеал сообраќајна несреќа во источна Англија, соопшти Бакингемската палата.
Се наведува дека војводата од Единбург не е повреден во несреќата.
„Војводата учествувал во сообраќајна несреќа со друго возило. Тој не е повреден“, пишува во соопштението.
Британска телевизија извести дека принцот Филип возел „ренџ-ровер“, а другото возило се превртело при сударот.
Очевидец за британскиот јавин сервис кажал дека војводата по несреќата бил многу вознемирен.