Иван Лотески од охридската населба Варош втора година по ред го фати Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот Дебарско-кичевски, владиката Тимотеј.
„Ова ми е втор пат како го фаќам крстот. Немав големи очекувања, но ете стигнав до крстот и успеав да го фатам. Сите охриѓани да го прославиме празникот и на сите да ни донесе здравје, љубов и среќа“, рече Лотески и додаде дека минатата година му била многу успеша, па се надева и оваа да биде таква.