Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговите закони за прекувремени часови, кои досега неколкупати на улица ги принудија да излезат бројни унгарски работници.
Марширајќи во центарот на Будимпешта со транспаренти со натпис „Доста ни е“, демонстрантите го вееа унгарското знаме и знамето на ЕУ. Збирно место беше пред Будимскиот дворец.
„Во целост игнорираат тоа што сме рекле и што сакаме, а тоа многу ни пречи“ рекол еден од демонстрантите.
Владеачката партија на Орбан минатиот месец усвои закон со кој на работодавачите им се овозможува зголемување на бројот на прекувремени часови од 250 на 400, додека законскиот рок на исплата се продолжува на три години.
Орбан рекол дека законот е донесен во интерес на работниците, кои на тој начин легално ќе можат да работат прекувременово време кога економијата се бори со голем недостиг на работна сила.