Повеќе илјади противници на правото на абортус синоќа учествуваа во Вашингтон на годинешниот „Марш за живот”, кој доби поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој им се обрати на демонстрантите преку видео порака истакнувајќи дека ќе стави вето на кој било закон со кој Конгресот „би ја ослабнал заштитата на човековиот живот”.
– Од Белата куќа до вашите домови, животот повторно победува во Америка, изјави жестокиот противник на абортусот потпретседателот на САД, Мајк Пенс пред насобраниот народ, кој ја оспорува пресудата на Врховниот суд во случајот „Ро против Вејда”, со кој на 22 јануари 1973 година е легализиран абортусот.
Годишнината од одлуката е можност за конзервативната и христијанска десница преку протести да побара измени на Законот.
Трамп во Врховниот суд постави двајца судии кои се против абортусот, поради што се стравува дека би можеле да бидат промените актуелните прописи.