Во водите на Средоземното море, во близина на Либија, по превртување на гумен чамец, најверојатно се удавиле дури 117 мигранти, изјави прететсвник на Меѓународната организација за миграција Флавио ди Џакомо, повикувајќи се на тврдењата на тројца спасени мигранти.
Тој рекол дека хеликоптер на италијанската морнарица вчера спасил тројца мигранти, а дека тие тврдат дека на чамецот, кој тргнал од Либија биле качени 120 лица, пренесе АП.