Од грип во Хрватска до сега починаа девет лица, а се уште се чекаат официјални резултати за два смртни случаи во Сплит, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак.
Тој додаде дека Хрватска по епидемијата на грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика Британија.
Хрватскиот министер за здравство Милан Кујнџиќ изјави дека епидемијата на грип во Хрватска го достигнала врвот и ги замоли граѓаните да избегнуваат затворени простории со многу луѓе.
Директорката на загрепската Клиника за инфективни болести Алемка Маркотиќ наведе дека последните две недели зголемен е бројот на пациенти заболени од грип.
– Ситуацијате е сериозна. Нема причина за паника, но има за сериозно постапување, посочи Маркотиќ.