На 18.01.2019 година во 08.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(44) од Скопје, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.