Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува вчерашните напади на новинарка и фоторепортери за време на одбележувањето на верскиот празник Водици во Скопје.
„Медиумските работници треба да имаат слободен пристап до сите настани и да им се овозможи професионално да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста.
Зачувувањето на достоинството на новинарската професија е особено важно и од тие причини целосно неприфатливи се заканите и нападите на претставниците на медиумите“ велат од АВМУ.