Грците излегоа на протести пред зградата на парламентот против Преспанскиот договор за промена на името на Република Македонија. Уште на почетокот на протестот дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата, која со солзавец ја растерала толпата од влезот на парламентот.
На насобраните им се обрати поранешниот грчки премиер Антонис Самарас со зборовите дека се протестира за она што знаат дека е праведно, пренесе „Катимерини“, потсетувајќи дека Самарас од секогаш застапува тврд став во поглед на името на Македонија.
Организаторите се надеваат дека бројот на демонстранти ќе надмине 600.000, но засега нивниот број е помал. Тие најавиле дека 3.000 автобуси ќе допатуваат од северна Грција, но полицијата соопшти дека до 14 часот по локално време, во Атина пристигнале само 300.
Уште 60 автобуси се движат кон Атина од Пелопонез, наведе „Катимерини“, повикувајќи се на информации од наплатните рампи на патарините.
Се очекува утре грчкиот парламент да ја почне расправата за ратификација и до петок да гласа за тоа