Починато бебе вчера било донесено во поликлиниката во населба Ченто во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера било пријавено во полиција дека во поликлиниката било донесено починато едномесечно машко бебе од населба Илинден.
Во разговор со полициски службеници, родителите на починатото бебе А.А.(26) и И.А. (26) рекле дека истиот ден околу 06 часот на креветот во дневната соба забележале дека детето не дава знаци на живот, а претходно имало проблеми со дишењето.
По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.