Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари верува во шансите на својот тим да се бори за титулата во Шпанија. „Белите” во моментов заостануваат зад лидерот Барселона со 7 поени, но ако вечерва каталонците го победат Леганес, оваа разлика ќе стане повторно 10 поени.
Синоќа Реал одигра силен натпревар при победата со 2:0 над Севиља и тоа ја врати самодовербата кај фудбалерите и тренерот.
– Ќе се бориме за победа во сите натпреварувања до крајот. За Реал нема ништо невозможно. Кога играш со директен конкурент, овој натпревар е за повеќе од три бода. Ти собираш поени, а противникот – не. Беше заслужена и убава победа, од првата минута игравме за неа. Модриќ беше неверојатен, тој е вистински борец. Играше со рана над окото, но успеа да постигне гол на крајот на натпреварот, изјави шпанскиот тренер.