Во кариерата долга пет децении, Шер имала седум солистички турнеи. Во 72. година од нејзиниот живот таа повторно реши да го обиколи светот со 76 концерти.
Турнејата „Одиме повторно“ почна на крајот на септември во Австралија. Моментално Шер е на турнеја во Северна Америка, а наесен доаѓа во Европа.
Турнејата во Европа ќе ја почне на крајот на септември, а до 1 ноември ќе одржи концерти во 17 градови – Берлин, Антверпен, Амстердам, Минхен, Келн, Виена, Цирих, Манхајм, Хамбург, Копенхаген, Стокхолм, Лондон (два концерта), Манчестер, Бирмингем, Глазгов, Лидс и Даблин.