Градоначалникот Смилевски го користеше Јавниот превоз
Денес градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски по препораките на Град Скопје поради енормното загадување на територијата на Скопје го користеше превозот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Градоначалникот Смилевски истотака Апелира до граѓаните на Општина Бутел и до општинската администрација да го користат бесплатниот превоз на ЈСП.
За почист воздух.