Крцкави колачиња без брашно, јајца и млеко

Ова е нашата верзија за едни едноставни, здрави и многу вкусни колачиња …

Потребно е (за 10 колачиња):
40 г кокосово брашно
20 г мелени бадеми
30 г овесни или јачменови снегулки (кратко сомелете ги)
2 лажици кокосово масло
2 лажици путер од бадеми (или обичен путер)
1/2 зрела банана
сол
ванила
1/4 филџан чоколадни зрнца
1/4 лажиче сода бикарбона
2 лажици кокосов шеќер (мусковадо)

Подготовка:
– Зрелата банана испасирајте ја со вилушка и додадете ги сите останати состојки. Убаво измешајте за да се спојат сите состојки. Ако смесата е премека, ставете ја на кратко во фрижидер да се стегне.

– Потоа со лажица вадете од смесата и обликувајте топчиња. Топчињата наредете ги на тава обложена со хартија за печење.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути.

Треба да знаете
Последни објави