Мексиканската авиокомпанија „Аеромексико“ смисли рекламна кампања со која го исмева американскиот претседател, Доналд Трамп.
„Прва дестинација за Мексико е Америка, но прва дестинација за Америка не е Мексико“, почнува рекламата. „Затоа отидовме во еден типичен американски град да видиме дали некој од жителите би сакал да отпатува во Мексико“, продолжува рекламата.
Иако во САД живеат 325 милиони жители, авиокомпанијата наишла на оние кои никако не планираат да го посетат Мексико. Но кога после критиките за Мексико, луѓето од компанијата ги замолиле учесниците во анкетата да направат ДНК анализа за утврдување на потеклото, се утврдило дека секој од нив имал мексикански гени.
Па така, во зависност од процентот добивале попусти на летовите. На пример ако некој е 18 проценти Мексиканец добил 18 отсто попуст.