Врвот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува да шири поделби, омраза и закани преку кои се обидува да го поткопа живеењето во едно заедничко општество.
Неоснованите и неправни кривични пријави на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема ниту да го блокираат напредокот на државата, ниту да го спречат соживотот во нашето општество. Завршено е со политиките на омраза и поделби, граѓаните имаат јасна цел Македонија да се гради како едно општество, како праведна држава која е дел од глобалниот свет.
Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на јазиците на заедниците кои се над 20%, а албанскиот јазик во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.
Објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ” со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието.