Повеќе од 170 мигранти се исчезнати во бродска несреќа во Медитеранот, која се случила откако две пловила наишле на проблеми, соопшти агенцијата за миграција на ОН.
Според информациите, еден чамец, кој пренесувал 120 луѓе се превртел во петокот, недалелу од Либија. Тројца луѓе преживеале, велат податоците на портпаролот на агенцијата за миграција во ОН, Флавио Ди Џакомо.
„Вкупно имаме 117 исчезнати, вклучително 10 жени и две деца ( едното на возраст од два месеци)“ напишал Ди Џакомо.
Во Алборанското море настрадале 53 лица, соопштиле невладини извори за агенцијата за миграција.
Џакомо рекол дека поголем дел од мигрантите биле од западна Африка, од нив околу 40 биле од Судан, според изјавите на прежвеаните кои ги спасила италијанската крајбрежна стража во петокот и ги донела до островот Лампедуза.
Како што изјавил за италијанските медиуми Џакомо, би можело да се работи за многу поголема трагедија.