За разлика од своите европски роднини, големите индиски пчели (Apis dorsata) не прават заштитна обвивка околу гнездото, кое се состои од само едно големо саќе, околу 1 метар во дијаметар. Поради тоа, потомството го заштитуваат со сопственото тело, применувајќи необична одбранбена тактика.
Возрасните пчели го обложуваат саќето со своите тела, а потоа ги заплашуваат предаторите со наизменични спирални и брановидни движење.
Во зависност од брзината на движење и насоката од која доаѓа заканата, силата и редоследот на движењата варираат. За жал, овој хипнотизирачки танц ги одбива само предаторските типови оси, додека птиците и другите цицачи не реагираатна него.