Српските царински службеници на граничниот премин Бачки Виногради, со Унгарија, спречиле обид за шверц на 11 живи папагали кои во Србија се обиделе да ги прошверцуцаат двајца српски државјани, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Птиците биле откриени при контрола на автомобил од Суботица, а папагалите биле завиткани во мрежасти вреќи за компири, ставени во торба во багажникот, во резервното тркало, на подот под нозете на совозачот и во внатрешниот џеб на јакната што ја носел возачот.
Истрагата покажала дека пет папагали се од видот заштитен со Конвенцијата на CITES.
Меѓу нив иамло и три примероци на Amazona albifrons, кој на пазарот достигнуваат цени и до 800 евра.
Српските медиуми информираат дека птиците се згрижени во зоолошката градина во Пали