Kипарската полиција трага по двајца мажи кои исчезнале со бебе, за кое постојат сомнежи дека имале намера да го посвојат, откако една Кипранка го купила во нивно име на Филипините.
Двајцата мажи, кипарски Грк и странски државјан, за кои се верува дека се двојка, се соочуваат со обвиненија за шверц, фалсификување и заговор, објави агенцијата АП.
Жената која го купила бебето во име на двојката е во притвор, а за бебето се претпоставува дека е со парот кој е во бегство.