Полицијата на Умаг, Хрватска доби пријава од 27-годишна девојка дека е измамена за повеќе стотици куни. На 17 јануари, откако дознала дека остварила добивка на спортска прогноза, таа објавила фотографија од добитното ливче на социјалните мрежи, но потоа не можела да ја подигне добивката, бидејќи дознала дека тоа веќе некој го сторил пред неа.
Полицијата сега трага по непознатиот сторител, а во исто време ги предупредува граѓаните да бидат претпазливи при објавувањето информации и фотографии на социјалните мрежи.
Освен што не треба да се објавуваат лични податоци и фотографии од документи, исто така не треба да се објавуваат ни фотографии од добитни ливчиња. Во такви случаи, сторителот со помош на компјутер, на веб-страницата на обложувалницата, може да го внесе вашиот број на ливчето и кодот и да ја пренесе добивката на својата корисничка сметка.