Икарди бара 7,5 милиони евра годишно за да остане во Интер

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, преговара со клубот за продолжување на договорот.

 

Според италијански медиум, раководството на клубот е подготвено да му понуди годишна плата од 6 милиони евра, додека Аргентинецот бара 7,5 милиони по сезона.

Во таа сума, Икарди не ги вбројува бонусите.

Доколку му биде исполнето барањето, 25-годишниот напаѓач ќе стане втор најплатен играч во Серија А по ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Сегашниот договор на Икарди со Интер истекува на 30 јуни 2021 година. Откупната клаузула за него е 110 милиони евра.

Оваа сезона, Икарди одигра 24 натпревари за Интер, постигна 14 гола и оствари две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави