Домашните компании од преработувачката метална инудстрија, но и сите поврзани компании во синџирот ќе претрпат штети од воведувањето на квоти за увоз во ЕУ што треба да се применуваат од почетокот на наредниот месец. Директните штети на производиствените капацитети ги проценуваат на 150 милиони евра, но уверуваат дека фабриките ќе продолжат со работа и дека нема да има отпуштање на вработени. Очекуваат и државата да понуди некакви мерки за ублажување на ситуацијата, иако сметаат дека нема многу механизми на располагање.
– Мерките ја погодуваат целата челична индустрија.Таква ситуација сме немале од поодамна. Тоа значи дека сите челични производи, со исклучок на бетонското железо од „Дојран стил”, се погодени со овие ограничувања -цевките и профилите, топловаланите и ладноваланите лимови, поцинкуваните лимови. И сето тоа кај оваа индустриска структура внесува голема ззгриженост бидејќи по една добра година како 2018 кога првпат почувствуваме стабилизирање на пазарот и малку понормални пазарни текови повоторно ќе се соочиме со ограничувања што оваа ситуација ќе ја направат прилично неизвесна во наредните три години, рече Митко Кочовски претседател на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека она што е проблем е што се земени предвид годините 2015, 2016 и 2017 година, кога празарните прилики биле поприлично неповолни, а не 2018 година која беше поповолна за оваа индустрија.
Појасни дека загубите во делот на извозот на цевки и профили ќе биде 45 милиони евра годишно или 135 милиони евра за трите години. Дополнителен проблем, како што рече, ќе биде и влијанието од антидампшките истраги што се водат против трите производители во земјата и кои треба да завршат до средината на годинава.
Кај топловаланите производи од „Макстил”, пак, како што посочи, загубите ќе бидат 25 милиони евра годишно.
Ваквото ограничување, вели Кочовски, ќе има влијание на сите индустрии што се поврзани со нивното работење, односно сите снабдувачи на суровини, материјали, услуги транспротни услуги, енергетика и се дурго во ланецот на снабдување.
– Нема да престане животот и не сакаме да создаваме некаква нервоза, но дека ќе има реперкусии на вкупните економски показатели ќе има. Кај оваа групација тоа посебно ќе биде изразено, ќе се рефлектира на нивните развојни планови, на динамиката на индустриското производство, трошоците на работење и ќе треба со вакви проблеми да живееме во наредните три години, рече Кочовски, кој додаде дека единствениот пазар е Европа, каде се пласира над 60 отсто од производството.
Тој потенцира дека имале добра соработка со Секретаријатот зе европски прашња, и дека државата и тие сами се вложиле, но оти ставот бил дека нема исклучок за ниту една земја во однос на воведените квоти.
– Овие мерки важат за сите земји и не успеавме да обезбедиме исклучок. Инаку нашето барање преку ова здружение беше да се определи национална квота за Македонија за сите овие производи и количините да се определат на некој период од пред 2018 година кога имавме норамлана продажба за да може оваа индустрија во вака подобрени пазарни околности да функционира, рече Кочовски.
Посочува дека државата може да предложи мерки за да се ублажи влијанието, но оти во основа проблемот не може да се реши со владини мерки.
-Кога индустријата е погодена со вакви состојби од надвор, државата може да предложи арсенал мерки за да се ублажи состојбата. Што е она што и стои на располагање на држвата се познати во светот, но во основа проблемот не може да се реши со владини мерки, затоа што проблемот е од надвор, наведува Кочовски.
Мерката за ограничување на увозот на челични производи во ЕУ за наредните три години беа соопштени на 15 јануари.