Непознат напаѓач со камења успеал да го искрши прозорецот на големата соба за молитва во централната синагога во Софија.
Шефот на еврејската организација во Бугарија, Александар Оскар, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека инцидентот сам по себе е крајно загрижувачки, но дека уште повеќе вознемирува „индиферентноста на минувачите”.
„Безбедноста на еврејската заедница е на прво место и ние ќе работиме со полицијата и релевантните институции во земјата за нејзина гаранција”, рече Оскар.
Тој тврди дека говорот на омраза во Бугарија ескалираше во физички дела на директни напади врз заедничкиот имот на Евреите.