Комплетно реновиран дел од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е пуштен денеска во употреба, објави попладнево на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Станува збор, како што посочува, за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и бањи за пациентите, подовите, водоводната и електричната инсталација, како и осветлувањето.
Од 1 март ќе стартува и втората фаза од реконструкцијата на оваа Клиника кога ќе се обнови вториот дел од болничко сместување. Реконструкцијата ќе се одвива во неколку фази со цел да не се намали капациетот и прием на пациенти, истакнува Филипче