Стотици такси-возила уште од раните утринските часови го блокираа сообраќајот во Мадрид и Барселона.
Возачите, како што пренесоа тамошните медиуми, продолжуваат со блокадите и протестите, сè додека институциите не ги слушнат нивните барања.
Тие бараат построги регулативи за компании што се занимаваат со превоз.
Такси-возачите во шпанската престолнина почнаа штрајк во понеделникот, и според нивните најави, тој штрајк е на неопределено време, објави АП.