Британската премиерка, Тереза Меј во парламентот ќе го претстави ‘Планот-Б’ за брегзит, откако пратениците го отфрлија договорот кој таа го постигна со Брисел.
Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 29 март без договор, доколку Меј не ги убеди пратениците да го прифатат или да создадат алтернативен план што би бил прифатлив за Брисел, пренесуваат тамошните медиуми.
Лидерите на ЕУ засега одбиваат да преговараат за нов договор за брегзит и тврдат дека најдобриот договор веќе е постигнат, но таквиот договор беше отфрлен од страна на пратениците во бритнаскиот парламент.