Во реалноста, зад сцената, не е сѐ така розово како што изгледа на модната писта на “Victoria’s Secret”.
Тие се најубавите жени на светот, но зад сето тоа стојат мали и не толку убави тајни за кои манекенките ретко зборуваат. Еве за што станува збор:
Ако мислите дека косата на ангелите на Викторија е совршена, време е да знаете дека тоа не е нивната природна коса. Сите модели носат екстензии за чие ставање се потребни и до неколку часа. Нивните коси се речиси секогаш бојадисани за да изгледаат сјајно и попривлечно.
Пред да излезат на пистата, на моделите со часови се нанесува спреј за потемнување за да се покријат сите недостатоци на кожата како целулит, стрии, црвенило, неизедначен тен, флеки итн.
Речиси сите ангели на Викторија носат вештачки трепки, а моделот Кајли Бисути наведува дека постојано ги носи бидејќи без нив и останатите третмани воопшто не изгледа како на пистата.
Во текот на фотосесиите и ревиите, манекенките мора да вежбаат и по неколку часа дневно бидејќи нивна обврска е да водат грижат за секој центиметар на своето тело, кое не само што влијае на здравјето туку понекогаш води и до опседнатост со изгледот.
Да, диетите се составен дел од животот на ангелите на Викторија. Секој модел има личен тренер кој им објаснува кога и колку смеат да јадат во текот на денот.
Уште една од работите кои треба да ги знаете е дека пред секоја ревија, девојките пијат алкохолни пијалаци за да се опуштат и да бидат послободни на сцената, флертувајќи со публиката.
Повеќето манекенки во реалноста не изгледаат како на фотографиите. Нивните бутови и колкови се намалуваат, а деколтето двојно се зголемува за да се добие тој сексапилен изглед.