Апелација уште не решила за жалбата на Алими, пак одложено судењето за 27 април

Судењето за 27 април пак се одложи поради тоа што не се окончани правосилните решенија за амнестијата, поради што се одложи и претходното рочиште, прво во 2019 година, а на кое требаше да им се суди на неамнестираните во случувањата во Собранието

Во петокот требаше да се одржи седница на Апелација по повод жалбата на Абдулфета Алими дека не добил амнестија, но беше одложена за денеска, така што не е завршена процедурата во однос на правосилноста на решенијата, изјави судијката Добрила Кацарска.

Таа наредното рочиште го закажа за 31 јануари бидејќи обвинителката Вилма Русковска ќе биде службено отсутна една недела.

На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија” Игор Дурловски, Јане Ченто и  Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

(Д.В.)

Треба да знаете
Последни објави