Бројот на мртви при експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 85

Бројот на загинати луѓе при експлозија на нафтовод во централниот дел на Мексико се зголеми на 85, објави во неделата мексиканскиот министер за здравство.

Уште 58 лица се хоспитализирани, изјави министерот за здравство, Хорхе Алочер, на прес-конференција.

Експлозијата се случи во петокот, кога 800 лица во областа Тлахуелилпан собрале гориво кое истекло од главниот нафтовод.

Несреќата ја предизвикаке крадци на нафта, објавија властите во саботата, а претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор застана во одбрана на армијата, иако нејзини припадници не успеале да ја обезбедат локацијата пред експлозијата.

Еден сведок опиша дека речиси празничната атмосфера меѓу стотици луѓе кои полнеле садови со истечената нафта се претворила во ужас поради експлозија која членовите на толпата ги расфрлала во разни правци, притоа палејќи ја нивната облека и предизвикувајќи им сериозни изгореници

Треба да знаете
Последни објави