Откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа закон за зелени пазари што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција, сега СДСМ удри повторно и по пензионерите, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
–СДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение што го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира“, рече Ѓорчев.
Уште еднаш, додаде тој, пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи, рече Ѓорчев, се анулира и се крати зголемувањето што требаше да го имаат пензионерите, а беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ.