Ве информираме дека согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, истиот е надминат во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар, Струмица и Тетово .
Во табелата се прикажани средно дневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Канцеларијата комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје, Град Скопје и Единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот.
Ја информираме јавноста дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, остануваат на сила следните препораки и мерки:
Владата на Република Македонија:
- Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост:
– да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;
– да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.
- Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ги ограничат работите на градежните објекти;
- Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да ги следат сите останати препораки согласно заклучокот.
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство:
- Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни болести или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;
- Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот;
- Препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено;
Министерството за здравство:
- Ќе обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба;
- Ја задолжува Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето;
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:
- Ќе обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници;
- Ќе дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
Државниот инспекторат за животна средина:
- Започнува со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, спроведување на контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.
Министерството за животна средина и просторно планирање подготви и достави:
- Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.
ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.