По изборите за Европскиот парламент во мај Европската комисија треба да престане да се однесува како европска влада, и излегувањето на Велика Британија од заедницата треба да биде направено максимално прифатливо за двете страни, нагласува чешкиот претседател Милош Земан во интервју за прашки „Блеск”.
– Европската комисија е бирократски орган, но се однесува како европска влада. Всушност, владата на Европската унија е Европскиот совет во кој има претседатели и премиери од државите, наведува претседателот.Земан додаде дека се надева дека некој ќе им објасни на членовите на ЕК дека тие се само чиновници.
Според чешкиот претседател засега „губат и Велика Британија и ЕУ”, но тој верува дека двете страни ќе се договорат и ќе ги сведат на минимум негативните последици од Брегзит.