Израелската армија соопшти дека во Сирија врши напади врз цели на силите на Кудс, единица на иранската Револуционерна гарда. Тие ги предупредија сириските сили дека не напаѓаат сириска територија ниту нивните сили.
Сириските државни медиуми објавија дека ПВО спречила „непријателски цели” синоќа и дека неколку од нив уништила.
Во напад на аеродромот во Дамаск, загинаа четири војници на Сирија, додека шест се ранети, пренесува РИА. Сириската опсерваторија за човекови права објави дека загинати се 11 лица.
Според портпарол на рускиот Национален центар за управување со одбрана, сириската ПВО одбила напади на изралски борени авиони Ф-16 врз меѓуанродниот аеродром Дували во југоисточниот дел од Дамаск при што се уништени седум проектили испукани од израелски авиони што долетале од правец на Средоземното Море.