Мапата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат со поглаварот на Римокатоличката Црква во реално време, пренесува НДТВ.
Онлајн религиската платформа наречена „Светска мрежа за молитви со папата“, која вклучува телефонска апликација „Кликни за молитва“ за крајните корисници, им кажува на претплатниците за што точно се се моли Папата во секој даден момент, па секој од околу 1,3 милијарди римокатолици може да му се придружи во молитвите.
Според изјавата на Ватикан, апликацијата ќе им овозможи на верниците “да го придружуваат папата во мисијата за сочувство кон светот.
Папата Франциско уште еднаш се опиша себеси како „катастрофа” кога станува збор за сфаќањето и за користењето на технологијата, и побара помош од свештениците со технолошки познавања за церемонијат