На светски познатиот Тајмс сквер во текот на денот се прикажуваат две видеа со културна промоција на Македонија, соопшти Македонскиот совет на уметности со седиште во Њујорк.
Прикажувањето е по повод американскиот државен празник Дeн на Мартин Лутер Кинг, при што на непрофитните организации во САД им се дава можност да ја промовираат нивната порака и мисија на видеопанели на светски познатиот плоштад.
„Оваа визуелна промоција на македонската култура ќе се појави 30 пати по 15 секунди за севкупно да биде изложена седум и пол минути во текот нa денот. На едниот панел ќе се емитува видеореклама за најновото музичко ЦД издадено од Македонскиот совет на уметностите – Partings (‘Разделби’). Со единаесет изворни македонски печалбарски песни, преработени во современи аранжмани на англиски јазик, се документира имигрантската историја на Македонците што во раните години на 20 век заминувале на печалба низ целиот свет. На вториот видеопанел ќе биде изложена Мариовска невестинска носија, во комбинација со текстот: ‘Македонија – Очарувачка! Загонетна! Волшебна! – Откријте го македонскитo културнo богатствo’“, велат од Македонскиот совет на уметностите.
Додаваат дека промовирањетo, очувувањетo и зајакнувањетo на македонската култура е нивната долготрајна мисија.