Министерката Шекеринска ќе се сретне со словенечкиот колега Ерјавец

Министерката Шекеринска ќе се сретне со словенечкиот колега Ерјавец

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со нејзиниот словенечки колега Карл Ерјавец, кој е во официјална посета на Република Македонија.

Во рамки на посетата, во организација на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерката Шекеринска и министерот Ерјавец.

Дискусијата ќе се фокусира на улогата на НАТО за нашата земја, придобивките што ги обезбедува членството во НАТО, како и укажување на словенечкото искуство, предизвиците и придобивките од нивното пристапувањето во НАТО.

Со овој настан ќе се одбележи и преземањето на улогата на Република Словенија со која тие стануваат НАТО контакт Амбасада за Република Македонија

Треба да знаете
Последни објави