Москва: Во израелските напади во Дамаск до сега загинаа четворица војници

Четворица сириски војници загинаа при израелските напади на аеродромите во Дамаск, соопшти руското Министерство за одбрана. Како што објавија, уште шестмина војници се здобиле со сериозни повреди, а делумно е оштетена и инфраструктурата на меѓународниот аеродром.

Израел соопшти дека цели на нападот се иранските сили стационирани во Сирија и го предупреди Дамаск да не возвраќа со напади.

поред сириските државни медиуми, во изминатите 48 часа сириската воздушна одбрана спречила два напади. Руското министерство, пак, тврди дека сириските сили отфрлиле 30 израелски проектили во последните 48 часа.

Израелската армија денеска повторно објави дека во Сирија ги напаѓа силите на единиците на иранската Револуционерна гарда. Израелската армија ги предупреди сириските сили да не ја напаѓаат израелската територија, ниту пак нивните сили, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави