Гломазните т.н. “татини патики” се голем тренд кој го гледавме на трендсетерките и урбаните девојки во текот на целата 2018 година.
Тие се носеа во разни бои и беа комбинирани со сите можни модни комбинации, а сега се искачуваат на едно сосема ново ниво.
Имено, дизајнерите очигледно заклучиле дека овие масивни патики не се доволно истакнати, па одлучиле (буквално) да ги зголемат со уште повисока платформа, неонски бои и дополнително шаренило.
А доколку сте љубителки на овие смели патики уште од самиот почеток и ви одговара нивната впечатливост, тогаш со сигурност ќе ве воодушеват претстојните модели во кои секако нема да пројдете незабележано.