Грандиозното дело на Петар Илич Чајковски, „Оревокршачка“ е на репертоарот на Македонската опера и балет на 30 јануари, со почеток во 20 часот.
Диригентската палка е во рацете на Бисера Чадловска, а кореографијата на руските професионалци Василиј Иванович Ваинонен и Михаил Крапивин.
Во главните улоги се Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски и Бојана Арсовска. Настапуваат оркестарот, првенци, солисти и целиот балетски ансамбл при НУ МОБ.