Наоми Осака ја продолжи победничката низа на Австралија опен и успеа преку Анастасија Севастова да избори пласман во четврт-финалето.
Младата Јапонка, исто како и во претходната рунда, со пресврт успеа да ја победи својата противничка.
За нешто помалку од два часа игра, Осака, успеа да ја победи Севастова со 4/6, 6/3, 6/4. Со оваа победа Осака ги задржа шансите по завршувањето на Австралија опен да се искачи на првото место на ВТА листата.
Јапонката во четврт-финалето ќе игра против Елина Свитолина. Украинката, исто така во три сета 6/2, 1/6, 6/1 ја победи Американката Медисон Киз.
Пласман меѓу најдобрите осум на турнирот избори и Каролина Плишкова која во два сета 6/3, 6/1 ја збриша Шпанката Гарбиње Мугуруса.