Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протети во Атина, ја нападнале нејзината екипа, а снимателот се збодил со сериозни повреди.
Во Атина веќе неколку дена повторно има протести против договорот од Преспа кој се однесува на промена на името на Македонија, и кој треба да се ратификува во грчкиот парламент.
Грчката агенција АНА-МПА објави дека за време на демонстрациите, нападнат и повреден бил и еден фоторепортер.
Грчката полиција, во меѓувреме, соопшти дека за инцидентите на плоштадот Синтагма, одговорни биле членовите на крајната десница.
Членовите на ЕРТ не се заплашени. Напротив, овие инциденти во нив создаваат уште посилна желба да на грчките граѓани им пружат посигурни информации”, се вели во соопштението на грчката телевизија, која ги осудува насилните напади на нивниот тим, со заклучок дека ова е директен напад на демократијата и слободата на медиумите, објави АНА-МПА.
Грчката агенција, исто така, објави дека за време на протестот нападнат бил и фоторепортерот, Костис Дадамис. Тој, според агенцијата, бил нападнат од група неидентификувани лица, и се здобил со повреди на главата. Дадамис, кој работи како фоторепортер на Спутник, веднаш бил префрлен во болница. Тој вели дека двајца или тројца демонстранти му се приближиле и побарале од него да има ја даде камерата. Кога тој одбил, тие почнале, според неговите зборови, да го удираат и да го клоцаат, а потоа ја украле неговата опрема. Медиумите пишуваат дека нападите биле испланирани. Се очекува во грчкиот парламент денеска да ја започне расправата за ратификацијана Преспанскиот договор и најдоцна до петок тој да се глас.