Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури кои ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на САД, отежнато се одвива авиосообраќајот и движењето по патиштата. Еднo лице загина во Канзас, откако се превртела машината за чистење снег во која се наоѓал.
Според податоците на компанијата Флајт Авеар, која ги евидентира авиолиниите, на аеродромите во САД се откажани околу 5 000 летови. Не работат и дел од железничките линии меѓу Чикаго, Нујорк, Бостон и Вашингтон.
Националниот Завод за метеорологија издаде предупредувања поради ладното време и снежната бура за подрачјето на 15 сојузни земји. Авионот на Јунајтед Ерлајнс кој летал од Феникс за Аризона, за време на слетувањето на аеродромот во Чикаго излетал од пистата, но повредени и загинати патници нема.
Ширум земјата забележани се бројни несреќи поради снегот и голомразицата на улиците, а надлежните служби ги повикуваат возачите да бидат исклучителни внимателни. Висината на снежната покривка во Њу Ингланс изнесува 60 сантиметри, а во Њујорк има околу 30 сантиметри снег