Почесто треба да ги јадете овие намирници богати со масти

Не се сите масти нездрави, туку напротив – можат да направат доста за вашиот организам. Еве кои 6 намирници богати со масти можете да ги јадете и додека сте на диета без грижа дека тоа ќе се одрази на вашата линија.

Оние кои водат сметка за телесната тежина мастите ги сметаат за најголем непријател, но истражувањата покажаа дека некои од нив се исклучително корисни за организмот.

Мастите, а особено оние незаситените, не се штетни за здравјето. Ги содржат некои намирници, а експертите препорачуваат нивна консумација.

Авокадо

Авокадото има дури 77 проценти масти, а се состојат од олеинска киселина која има бројни позитивни дејства на здравјето.

Бадеми

Бадемите се богати со здрави масти и можат секојдневно да се консумираат наместо нездравите грицки.

Маслинки и маслиново масло

Маслинките и екстра девественото маслиново масло се богати со витаминот Е и К.

Јајца

Јајцата се одлични за оние кои сакаат да го загубат вишокот килограми. Содржат здрави масни соединенија кои се корисни за менталното здравје.

Лосос

Лососот и другите масни риби се богати со омега 3 масни киселини и бројни други состојки исклучително корисни за организамот.

Фета

Фета сирењето направено од козјо млеко се смета за хранлива и здрава храна која треба да биде дел од сечија исхрана.

Треба да знаете
Последни објави