Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни само три натпревари.
Најголемо внимание го привлече натпреварот помеѓу Минесота и Феникс.
„Волците“ беа фаворити на оваа средба, но и покрај тоа за победата стравуваа до последниот напад, кога поентираше Дерик Роуз за 116:114.
Во текот на целиот натпревар резултатот беше изедначен и во ниту еден момент ниту една од екипите не направи поголема резултатска предност.
Најефикасни во победничкиот тим беа Роуз со 31 поен и Тоунс со 30, додека кај Феникс се истакнаа Варен со 21 и Букер со 18.
Во останатите два натпревари Клиперси на гостински терен беа подобри од Сан Антонио со 95:103. Гостите беа подобри во текот на целиот натпревар, а клучната разлика ја направија во првата четвртина (26:38).
Харис со 27 поени беше најефикасен кај Клиперси, додека Олдриџ со 30 поени се истакна во редовите на Сан Антанио.
Во последниоте натпревар Индијана го победи Шарлот со убедливи 120¬:95.