Циклонска активност со центар во јужните делови на Европа од утре, но и во текот на неделата ќе услови да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините, инфромираат од УХМР.
Повремено, велат синоптичарите, врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде што на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Температурата во текот на неделата ќе се движи во интервал од минус два степена до 9 степени.
До денеска изутрина снежната покривка во Маврови Анови изнасува 46 сантиметри, 22 во Битола, 21 сантиметар во Лазарополе, 20 во Крушево, 16 на Попова Шапка, 15 во Охрид и Ѓуриште, 14 сантиметри во Тетово, 9 во Претор, 7 во Тополчани, 5 во Прилеп и Струмица, 3 во Демир Капија, 2 во Скопје З.Рид, и еден сантиметар снег е измерен во Штип.