Денешниот ден, понеделник 21 јануари, се смета за најдепресивен ден во годината – таканаречениот „син понеделник” (blue monday) секоја година се паѓа на третиот понеделник во јануари.
Оваа теорија е воспоставена пред 14 години од страна на психологот Клиф Арнал, кој ја аргументира со неколку нешта – временските услови се често лоши иако деновите се подолги, празниците се завршени и секој главно се враќа на работа, сметките се испразнети, а повеќето веќе сфатија дека не ќе можат да ги исполнат своите новогодишни одлуки. Покрај тоа, летото изгледа многу далечно.
Сè заедно, според психолозите, резултира со тага и ниско ниво на мотивација.
Но, многумина „синиот понеделник” го сметаат за обичен маркетиншки трик, бидејќи трговците на овој ден обично даваат попусти на производи кои треба да го поправат расположението.