Како и нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп и Меланија поради блокадите кои ги спроведува американската влада и на тој начин му се спротивставува на претседателот за изградбата на ѕидот со Мексико, остана без половината од вработените во службите кои не доаѓаат на работа.
Недостига помош од персоналот
Во тимот на Меланија има десетина луѓе, а од нив петтмина се на одмор, потврдува нејзината гласноговорничка велејќи дека имаат недостиг од персонал. Поради тоа Белата куќа моментално е затворена за јавна посета на туристи, како и за настани. Тоа најдобро се покажа кога се случи и приемот на младите спортисти во Белата куќа, кога им беше послужена брза храна од Мекдоналдс.
Здравје или Трамп
Но, светските медиуми повеќе се грижат за Меланија со оглед на тоа дека никој не ја видел од 26 декември, иако и понатаму е активна на социјалните мрежи. Многумина сметаат дека причината е што можеби има некој нов скандал со неверниот Доналд или повторно ѝ се појавиле здравствени проблеми.